Познатата холивудската убавица Анџелина Џоли ја следат новинари на секој чекор и заедно со нејзиниот партнер Бред Пит постојано се дел од насловните страни на таблоидите. Јавноста знае многу детали од нејзиниот живот, но многу малку луѓе знаат дека Џоли всушност била русокоса и дека си ја бојадисува косата од четиригодишна возраст.
Во интервју за германското списание Das Neue, прекрасната актерка изјавила дека нејзината мајка, Маршелин Бертранд, не ја сакала природната боја на косата на својата ќерка и ѝ ја бојадисала кога Анџелина била само на 4-5 години.
“
Мојата природна боја на косата е темна руса. Но, кога имав четири или пет години мојата мајка ми ја бојадиса темно кафеава и реши да ја задржам таа боја.
Оттогаш Анџелина постојано користи боја за коса за да биде бринетка.