По сè изгледа дека Анџелина Џоли ќе биде дел од екипата на режисерот Скот Ридли, за создавањето на филм за модната империја „Гучи“.
Доколку завршат успешно преговорите помеѓу Анџелина и Скот, извонредната актерка ќе се покаже на филмското платно во улога на Патрициа Реџано. Таа е бившата жена на главата на империјата, Маурицио, која е осудена на 29 години затвор, за учество во планирањето на убиството на нејзиниот сопруг.
Друго изненадување во овој голем проект може да биде и Леонардо Ди Каприо, на кого му е понудена улогата на Маурицио.
Филмот ќе ги прикажува 70-те и 80-те години, а ќе започне да се снима во текот на 2010г.