Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Лопез и нејзините близначиња во кампања на Гучи

Џенифер Лопез и нејзините близначиња во кампања на Гучи

Славни родители, славни деца. Двегодишните близначиња на Џенифер Лопез станаа главни ѕвезди во рекламната кампања за колекцијата за деца на брендот Гучи.

Заедно со својата позната мајка, Еми и Макс позираа на прекрасна плажа во Малибу, носејќи модели од новата колекција на Гучи.

Џенифер Лопез и близначињата

Во чест на колекцијата која нуди парчиња облека за деца по цени од 80 до 1600 долари, Гучи донираше 1 милион долари на иницијативата на УНИЦЕФ „Училишта за Африка“ и 50 000 долари на фондацијата „Maribel“, основана од самата Лопез и нејзината сестра.

Џенифер Лопез и близначињата

„Токму затоа сум возбудена да бидат дел од ова“ – изјавила 41-годишната Лопез во врска со направените донации од страна на Гучи. Во интервју за списанието Us Weekly таа признала дека со Марк Антони се двоумеле дали нивните деца да учествуваат во оваа кампања, но откако научиле за поврзаноста на кампањата со хуманитарни активности, решиле дека сакаат Макс и Еми да бидат дел од проектот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20812 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.