Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Муслиманка со хиџаб за првпат во списанието „Плејбој“

ФОТО: Муслиманка со хиџаб за првпат во списанието „Плејбој“

Списанието „Плејбој“ очигледно се менува. Иако во минатото беше симбол на еротика и неговите страници беа преполни со разголени зајачици, од неодамна во него не се објавуваат фотографии со голи жени.

Во најновото издание на „Плејбој“ за првпат се појавува муслиманка со хиџаб. Станува збор за Нор Тагури, новинарка во Newsy. 22-годишната девојка воопшто не е во провокативна облека, туку носи патики, кожена јакна, црни фармерки и бела маичка.

Нор Тагури Нор Тагури

Фотографиите и интервјуто со Нор се објавени во специјална рубрика посветена на „луѓе кои ризикувале сè, дури и нивните животи за да го прават она што го сакаат, покажувајќи ни што сè може да биде постигнато ако ги кршиме правилата“.

Целта на Нор е да стане првата водителка која носи хиџаб на комерцијална телевизија во САД.

Нор Тагури Нор Тагури

Додека многумина испратија пофалби кон Нор за нејзината храброст, на нејзиниот профил на Instagram непрекинато стигнуваат пораки полни со навреди, закани и многу гадни зборови.

„Правете добро, останете бестрашни и запомнете дека сè што сакате е надвор од вашата комфорна зона“ – советува таа.

Нор Тагури Нор Тагури Нор Тагури Нор Тагури Нор Тагури Нор Тагури Нор Тагури

TEDx говор на Нор

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20941 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.