Тејлор Свифт изгледа прекрасно во најновата рекламна кампања на козметичкиот бренд CoverGirl.
Младата пејачка која го освои светот со својот глас, свирењето на гитара и пишувањето на песни, сега докажа дека е одлична и во улогата на модел.
Во рекламата за новата линија NatureLuxe, Тејлор позира во нежен зелен фустан, опкружена со лесни материјали во бојата на нејзината облека.