Откако ја раздвижи македонската музичка сцена со шест распродадени промотивни концерта на албумот „Македонско девојче 2“, Каролина Гочева официјално ја објави милозвучната „Кој да ми запее“.
Текстот на песната е на Весна Малинова, додека музиката е дело на Никола Мицевски.
Новиот албум на македонската ѕвезда, кој обединува музика за душа и глас кој допира до срцето, се очекува да доживее огромен успех.