Александра Јанева веќе неколку години успешно чекори на македонската музичка сцена. Младата пејачка ја објави својата нова песна „Се одбирам себе“.
Музиката за емотивната балада е дело на Јанева, Тино Стојановски и Иле Спасев, додека текстот го потпишува Јана Бурческа.
„Не верував дека ‘Се одбирам себе’ ќе стане втората кантавторска песна која ќе се најде на мојот деби албум, сè додека не го добив одличниот текст од Јана“ – вели Александра.