Александра Јанева го прифати предлогот за брак на Иван Ангелов.
28-годишната македонска пејачка се вери пред Ајфеловата кула во Париз и на Instagram објави фотографии од среќниот момент.
„Сакам кога се смееме заедно и кога ми пееш раштимани тонови, ама чисти од душа. Кога и двајцата пуштаме солза на тажни филмски сцени, а ти ја криеш низ насмевка плачко мој најсакан. Кога сакам да сум ти лута, ама не можам и не знам како повеќе од 5 минути. Кога не сакаш да се одлепиш од мене исто колку јас од тебе. Се појави на право место, во право време. Јас и ти во нашето време за љубење“ – напиша таа во описот со фотографиите.
Подоцна и Иван објави фотографија од запросувањето.