Александра Јанева заедно со нејзиниот бенд 2BE започна нов летен проект #summerjam во кој ќе преработува домашни и светски хитови.
Нејзината прва преработка е на баладата „Херој“ од Викторија Лоба. Аранжманот е на Тино Стојановски кој свири гитара заедно со Љупче Стојановски, а Синиша Зукиќ е на кахон.
Слушнете ја:
Минатата недела Александра ја објави првата заедничка песна со Наташа Малинкова насловена „Еуфорија“.