Александра Јанева со својот бенд 2Be го преработија големиот македонски хит „Километри“ на Влатко Лозаноски.
„Видеото е обично, но симболично за песната. Баш вака ги минуваме нашите празници и викенди, патувајќи низ Македонија“ – вели Јанева.
Членовите на бендот 2Be се погрижија за комплетниот звук. Аранжманот е на Тино Стојановски кој ги свири и гитарите, Синиша Зукиќ е на кахон, а Љупче Стојановски ја придружува Александра како вокал.
Ова е втора преработка во рамките на летниот проект на Јанева #summerjam. Претходно, таа ја препеа баладата „Херој“ на Викторија Лоба.