Александра Јанева има нов сингл. Македонската пејачка ја објави песната „Ќе се вратам некој ден“ како и спотот за истата.
Во летниот видеозапис, Јанева се појавува во лежерни комбинации и танцува на плажа.
Автор на музиката е Панче Касапски, а аранжманот и продукцијата се на Иле Спасев. Текстот на песната е дело на Панче Касапски и Огнен Неделковски.