Александра Јанева со „За сто години“ победи на годинашниот „Макфест“ и освои 10.000 евра.
Музиката и текстот на победничката композиција се на Ристо Самарџиев, додека зад аранжманот стои Владимир Дојчиновски.
Настапот на Александра Јанева
Второпласирана на фестивалот на забавна музика е Симона Попоска. Со песната „Ќе најдам друг“ таа успеа да присвои награда од 7.500 евра.
На третото место застана Антонија Гиговска со „За нас“ и доби 5.000 евра.