Денес беше објавена последната песна која Витни Хјустон ја снимила пред смртта. Песната е дует со Џордин Спаркс, која глуми нејзина ќерка во нивниот заеднички филм „Sparkle“.
Веселата песна носи наслов „Celebrate“, а била снимена четири дена пред трагичната смрт на големата музичка ѕвезда.
Премиерата на филмот „Sparkle“ ќе биде во август.