Очигледно дека е време Витни Хјустон да се пензионира. Нејзините последни настапи само ѝ штетат на репутацијата која што ја градела со години.
Овој пат разочарана остана публиката во Лондонската О2 Арена. 46-годишната пејачка се појавила со подуено лице и постојано пеела фалш, а тоа толку ги изнервирало нејзините обожаватели што дел од нив по концертот си ги барале парите назад.

Витни на сцената признала дека не може да ги „фаќа“ високите ноти. Бившата зависничка од дрога дури и ја прекинала популарната песна The Greatest Love Of All по само неколку стихови, бидејќи не била во состојба да ја испее.

Странските медиуми веќе објавуваат критики за лошиот концерт. Британскиот Daily Mail пренесува дека Витни постојано правела паузи за да земе воздух и дека пратечките вокали го понеле поголемиот товар од концертот. USA Today објави дека стотици присутни го напуштиле концертот разочарани од настапот на некогаш беспрекорната вокалистка.