Синоќа, за време на доделувањето на „Греми“ наградите, музичките ѕвезди со молитва и музика се потсетуваа на големата Витни Хјустон.
Најемотивните моменти настапија кога Џенифер Хадсон се појави на темната сцена и со кратка и едноставна изведба на мега хитот „I Will Always Love You“ ги потсети гледачите на моќта на гласот на Витни.
Откако 30-годишната пејачка ја заврши песната со зборовите „Whitney, we love you“, публиката се исправи на нозе и со гласен аплауз ја испрати од сцената.