Исто како што судиите на „Britain’s Got Talent“ останаа со подотворена уста кога ја слушнаа Сузан Бојл како пее за прв пат, така младиот Тајванец Lin Yu Chun ја изненадил публиката кога решил да ја испее легендарната песна на Витни Хјустон „I Will Always Love You“.
Со совршениот настап Лин станал фаворит за наградата од 1 милион долари на натпреварот во пеење Super Star Avenue.
Во меѓувреме беше објавено дека Витни Хјустон е хоспитализирана во Париз поради респираторна инфекција. Па додека закрепне, Лин со сигурност може да ја заменува.