Чекањето заврши за „малите чудовишта“. Лејди Гага денес го објави нејзиниот сингл „Born This Way“, прв од новиот истоимен албум.
24-годишната пејачка го објави синглот два дена порано од планираното. В недела нејзините обожаватели ќе имаат можност и да ја видат Гага како настапува со оваа песна на 53-тото доделување на Греми наградите.
Во интервју за Вог, Гага изјавила: „Ја напишав Born This Way во 10 ***** минути... И таа е магична песна со порака.“