Тејлор Свифт ги објави сите 16 песни од својот нов албум, насловен „folklore“.
30-годишната пејачка ги напишала текстовите и музиката во изолација за време на пандемијата со КОВИД-19.
„Најголем дел од работите кои ги планирав за ова лето не се остварија, но има нешто што не го планирав, а се оствари. Тоа е мојот осми студиски албум ‘folklore’. Изненадување. Вечерва ќе го објавам целиот мој нов албум со песни во кои ги излеав сите мои каприци, соништа и стравови... Ја напишав и снимив оваа музика во изолација. Пред да дојде оваа година, веројатно ќе претерував со размислување кога да ја објавам оваа музика во ‘совршен’ момент, но времињата во кои живееме постојано нè потсетуваат дека ништо не е гарантирано“ – напиша Свифт на Instagram.
За албумот, Тејлор доби само позитивни критики.