Тејлор Свифт го објави долгонајавуваниот видеозапис за песната „Bad Blood“, за која соработуваше со Кендрик Ламар. Веќе неколку недели 25-годишната пејачка го најавуваше спотот со постери од славните дами кои ѝ се придружија за снимањето.
На почетокот од акционото видео, Свифт заедно со Селена Гомез се бори со непријатели, но неочекувано станува жртва на предавството на Гомез.
Покрај Селена, во спотот се појавуваат и Синди Крафорд, Џесика Алба, Лили Олдриџ, Кара Делавин, Елен Помпео, Џиџи Хадид, Хејли Стајнфелд, Карли Клос, Марта Хант, Лена Данам, Хејли Вилијамс, Маришка Харгитеј, Зендаја, Ели Голдинг и Сераја Мекнил.
Спотот, кој за првпат беше прикажан на доделувањето на „Billboard Music Awards“, е снимен под режисерската палка на Џозеф Кан.
„Bad Blood“ е четврт сингл од петтиот студиски албум на Тејлор „1989“.