Долгоочекуваниот спот на Лејди Гага за песната Judas „истече“ на интернет 8 часа пред официјалната премиера.
Во видеото, Гага е во улогата на Марија Магдалена и се вози на мотор со актер кој носи круна од трња како Исус, а околу нив на мотори се и апостолите, меѓу кои и Јуда. Тие возат низ како што Гага го нарече „Ерусалим на модерното време“.
25-годишната пејачка го режираше видеото заедно со креативната директорка Лориен Гибсон.
Спотот содржи и други религиозни елементи како бакнежот на Јуда, каменувањето на Марија Магдалена, а во некои сцени Гага влегува и во улогата на Дева Марија.
Лејди Гага изјавила дека видеото „е наменето да ја слави верата, а не да ја предизвикува“.
По гледањето на спотот, претставник на Католичката лига за религиозни и граѓански права изјавил: „Таа типично игра на линијата без да ја премине“.
Се очекува и подолга верзија на видеото, која ќе биде објавена подоцна оваа вечер.