НАДОПОЛНЕТО: Неколку часа откако на интернет се појави прва верзија на спотот на Ријана за „Stay“, беше објавен и официјалниот видеозапис за емотивната балада. За разлика од првото видео кое се фокусираше на Ријана, во новиот спот се појавува и Мики Еко кој воедно е и коавтор на песната.
Официјалниот спот
Ријана покажува ранливост во новиот емотивен спот за баладата „Stay“. Видеото во кое 24-годишната пејачка лежи во када се фокусира на нејзините емоции.
Меланхоличниот спот режиран од Софи Мулер ја покажува Ријана во разголено издание, физички и емотивно.
Песната „Stay“ во која е вклучен и Мики Еко е дел од седмиот албум на Ријана, „Unapologetic“.