Заврши првата полуфинална вечер на 57. избор на песна на Евровизија. Во Кристалната сала во Баку се претставија вкупно 18 земји. Од нив само 10 си обезбедија пласман во финалната вечер.
Во финалето ќе ги видиме:
Mandinga – Zaleilah (Романија)
Pasha Parfeny – Lăutar (Молдавија)
Greta Salóme & Jónsi – Never Forget (Исланд)
Compact Disco – Sound Of Our Hearts (Унгарија)
Soluna Samay – Should've Known Better (Данска)
Ivi Adamou – La La Love (Кипар)
Eleftheria Eleftheriou – Aphrodisiac (Грција)
Rona Nishliu – Suus (Албанија)
Buranovskiye Babushki – Party For Everybody (Русиjа)
Jedward – Waterline (Ирска)
Сигурни учеснички се и петте земји кои автоматски се квалификуваат во финалето, односно Англија, Франција, Шпанија, Италија и Германија, како и земјата домаќин, која оваа година е Азербејџан.
Финалната вечер ќе се одржи в сабота.