Жељко Јоксимовиќ го објави официјалниот спот за песната со која ќе ја претставува Србија на Евровизија 2012.
Видеозаписот за баладата „Није љубав ствар“ е едноставен, но праќа моќна порака: „Јазиците се различни, но пораките се секогаш исти...“. Во видеото, Ненад Махмутовиќ, победник во шоуто „Јас имам талент“, користи знаковен јазик за да го доближи текстот на песната до оние кои имаат оштетен слух.
Евровизија оваа година ќе се одржи во Баку, Азербејџан. Двете полуфиналиња ќе се одржат на 22 и 24 мај, а големото финале е закажано за 26 мај.