„Македонијо, те сакам!“ – со овие зборови Калиопи го заврши настапот на евровизиското финале.
Нашата претставничка имаше уште еден извонреден настап на сцената на „Кристалната сала“ во Баку. Калиопи ја повтори беспрекорната изведба од полуфиналната вечер и со својот моќен врисок уште еднаш потсети дека поседува гласовни способности за кои ѝ завидуваат многу пејачи.
Гласањето претстои. Се надеваме на што подобар пласман.