Почетна » Забава » Видео » ВИДЕО: Девојка од Панама ја пее „Црно и бело“ иако не знае македонски

ВИДЕО: Девојка од Панама ја пее „Црно и бело“ иако не знае македонски

Евровизиската треска стигна и до Панама. Стефани Вилс од Панама, која има амбиции да се пробие во музичкиот свет, ја препеа песната „Црно и бело“ со која Калиопи ќе настапи на Евровизија.

Стефани, која повеќе сака да се нарекува Тара, признава дека не знае македонски, но очигледно тоа не ѝ било пречка да ја испее македонската песна.

„Знам, Калиопи има огромен глас и ова е само обид на еден обожавател, но уште од април сакав да ја испеам песната, па го направив и сега го споделувам на YouTube. Се разбира, не зборувам македонски или кој било друг од групата словенски јазици, па ова беше добар предизвик. Оваа година балканските држави владеат на Евровизија, па со среќа на сите“ – пишува во описот на видеото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20787 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.