Британската рок група Coldplay ја објави песната „Atlas“, специјално напишана за второто филмско продолжение на „The Hunger Games“. Заедно со деликатната балада, фановите добија и видео со текстот.
Филмската сага со Џенифер Лоренс и Џош Хачерсон во главните улоги продолжува, а „Atlas“ е првиот официјален сингл од претстојниот саундтрак на долгоочекуваниот филм, работен според книгите на Сузан Колинс.
„Имам огромна почит и им се восхитувам на Coldplay и бевме воодушевени колку добро се поврзаа со темите и идеите во филмот“ – изјави Френсис Лоренс, режисер на вториот дел од филмската трилогија.
Премиерата на „The Hunger Games: Catching Fire“ е закажана за 22 ноември. Погледнете го трејлерот: