Вчера за време на една од епизодите на американското шоу „So You Think You Can Dance“ премиерно беше прикажан новиот спот на Лејди Гага за песната „Edge of Glory“.
Спотот и нема некоја приказна. Во музичкото видео Гага танцува на улиците во тивка ноќ, а се појавува и саксафонистот Клеренс Клемонс од E Street Band, кој седи на скали од зграда со својот музички инструмент.
Видеото е еден вид поддршка за Клемонс кој е сериозно болен откако доживеа мозочен удар.
„Режирано од Haus of Gaga. Мода од последната колекција на легендарниот Џани Версаче“ – напиша Гага на Twitter.