Додека музичкиот свет нетрпеливо очекува да види што подготвува Лејди Гага во новиот албум „Born This Way“, се појави краток филм со ремикс на нов сингл на ексцентричната пејачка.
Краткиот филм, кој е режиран од модниот фотограф Маријано Виванко, е направен по повод објавувањето на ремиксот на Гага кој премиерно беше пуштен на модната ревија на Тиери Муглер во Париз изминатата среда.
Режисерот признал дека видеото било направено пред да успеат да ја добијат музиката и дека Никола Формичети, кој воедно е и креативен директор на Муглер и стилист на Гага, се обидел да му ја испее.
Црно-белото видео го прикажува канадскиот модел Рик Џенест чие лице и тело се тетовирани така што да личат на скелет (познат е уште и како момчето зомби), како и црно-бели кадри од ревијата. Снимката започнува со зборовите на Лејди Гага: „Не зборувам германски, но можам ако сакате“.
Погледнете сами за што се работи затоа што тешко се опишува со зборови.