Штотуку беше објавен спотот на Лејди Гага за нејзината најнова песна „Born This Way“. Илјадници нејзини фанови со нетрпение го очекуваа појавувањето на видеото и веднаш започнаа да се множат коментарите на YouTube.
Како што и се очекуваше, видеото е доста чудно, вонземско и во него се раскажува за „раѓањето на нова раса која не носи предрасуди и осудувања, туку неограничена слобода“.
Спотот е режиран од модниот фотограф Ник Најт, но и Лејди Гага замешала прсти. Во видеото се појавува и канадскиот модел Рик Џенест чие лице и тело се тетовирани така што да личат на скелет, а и лицето на Гага е исцртано во ист стил.
„Born This Way“ е првиот официјален сингл од новиот истоимен албум на 24-годишната ексцентрична пејачка. Се очекува Гага да објави уште еден спот за истиот сингл.