Алиша Кис е гламурозна супермајка во спотот за „Girl Оn Fire“.
Во видеото талентираната пејачка се грижи за своите деца и за повозрасна личност и ги средува сите домашни обврски, без ниту најмала помош од својот маж. Но, и покрај многуте задачи, таа пронаоѓа време за да изгледа модерно и средено од глава до пети.
„Girl Оn Fire“ е водечкот сингл од новиот истоимен албум на Алиша.