Алиша Кис и нејзиниот сопруг Свиз Биц станаа родители. 29-годишната пејачка донела на свет здраво машко дете пред два дена во болница во Њујорк.
Претставници на парот потврдиле дека името на малото момченце ќе биде Иџипт Дин.

Ова е прво дете на Алиша Кис, а четврто на Свиз. Сепак, неговата радост не е помала. Во четвртокот вечерта тој на Твитер напишал: „Многу сум благодарен за сè со кое сум благословен во животот“.
Алиша Кис и Свиз Биц стапија во брак кон крајот на јули на романтична церемонија на Корзика, Франција.