Алиша Кис ужива во Шпанија со двете деца и сопругот Свиз Биц.
41-годишната пејачка беше уловена од папараците додека се забавуваше на јахта во близина на островот Форментера. Славната музичарка носеше бикини со жолт горен дел кој го носи нејзиното име.
Алиша во Шпанија обединува работа и задоволство. Освен што се релаксира на убавите туристички локации, таа ќе одржи два големи концерти во Мадрид.