Влатко Лозаноски ги израдува своите фанови со нова музика. 33-годишниот пејач ја објави својата нова песна „Јако, јако“.
Спотот е снимен на прекрасни локации во Кушадаси, Турција, а во него се појавува моделот Мартинија Георгиевска.
Музиката и аранжманот се дело на Лазар Цветкоски, а за текстот се погрижи Магдалена Цветкоска – Ена.
„Јако, јако“ ќе биде дел од третиот студиски албум на Лозано насловен „Десет“.