Само еден ден откако беше пуштен во продажба неговиот албум „My Worlds Acoustic“, Џастин Бибер го објави и спотот за хитот „Pray“.
Во видеото, 16-годишниот пејач посетува многу луѓе кои имаат потреба од помош и се прикажани многу сцени со бездомници или уништени домови.
Џастин го објави својот спот на Facebook заедно со оваа порака: „Ја напишав оваа песна мислејќи на песната „Man in the Mirror“ од Мајкл Џексон и ќе донираме дел од приходите од секој продаден албум на болниците Children's Miracle Network. Оваа песна многу ми значи и го сакам ова видео...“