Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џастин Бибер во отворено писмо проговори за темната страна на славата, дрогата и непочитувањето на жените

Џастин Бибер во отворено писмо проговори за темната страна на славата, дрогата и непочитувањето на жените

Џастин Бибер се отвори за притисоците од славата и влијанието кое таа го има врз животот на младите ѕведи.

Во писмо на Instagram, 25-годишниот пејач призна дека популарноста довела тој да започне да користи тешка дрога уште на рана возраст, да ги уништи сите врски во животот, да не ги почитува жените со кои се состанува и да носи непромислени одлуки.

Прочитајте ја неговата порака:

Џастин Бибер

Тешко е наутро да станеш од кревет со правилен став, кога си преоптоварен со животот, минатото, работата, обврските, емоциите, семејството, финансиите и врските. Кога чувствуваш дека доаѓа неволја, по неволја, по неволја.

Започнуваш да го гледаш денот преку леќите на „стравот“ и да очекуваш уште еден лош ден. Циклус од разочарување по разочарување. Понекогаш стигнуваш до момент кога не сакаш да живееш повеќе. Кога чувствуваш дека ништо нема никогаш да се промени. Тотално сочувствувам со вас. Не можев да си го променам начинот на размислување. Јас сум среќен што во животот имам луѓе кои ме охрабруваат да продолжам напред.

Знаете, имам многу пари, облека, автомобили, признанија, достигнувања, награди и сè уште бев неисполнет. Сте ја забележале статистиката на славни деца и исходот на нивниот живот? Се става лудо голем притисок и одговорност врз дете со сè уште неразвиен мозок и емоции.

Сите ние минуваме низ период на бунтовништво и нерационалност, но кога на тоа ќе го додадеш притисокот од славата, тогаш тоа ти прави нешто необјасниво.

Јас не израснав во стабилен дом, моите родители беа 18 години кога се родив, беа разделени и немаа пари, сè уште млади и бунтовни. Како што мојот талент напредуваше, јас станав ултра успешен за само две години. Целиот мој свет се сврти наопаку. Јас прераснав од 13-годишно момче од мало гратче, во позната личност насекаде во светот со милиони лица кои ми кажуваа колку ме сакаат и колку сум супер.

Не знам за вас, но скромноста доаѓа со годините. Кога си млад, постојано слушаш вакви нешта и започнуваш да веруваш во нив. Рационалноста доаѓа со годините, а исто така и процесот на донесување одлуки (една од причините поради кои не смееш да пиеш до 21 година). Сите правеа сè за мене, па јас никогаш не ги научив основите на одговорноста. Така, до 18-тата година немав никакви вештини за соочување со реалниот свет, со милиони долари и пристап до сè што сакав. Ова е многу застрашувачко за секого. До 20-тата година ги донесов сите лоши одлуки на кои можете да помислите и преминав од една од најсаканите и најобожаваните личности, во една од најисмејуваните, најосудуваните и најомразените личности во светот.

Според истражувањата, настапите на сцена поттикнуваат лачење на поголема доза допамин отколку која било друга активност. Па така, многу тешко се справив со тие огромни подеми и падови. Забележувате дека многу бендови на турнеи имаат фаза на земање дрога, а јас верувам дека тоа е поради тоа што не можат да се справат со овие подеми и падови кои доаѓаат со улогата на изведувач.

Јас започнав да земам прилично тешка дрога на 19 години и ги злоупотребував сите мои врски. Станав огорчен, лут и не ги почитував жените. Се оддалечив од сите што ме сакаа. Чувствував дека никогаш нема да можам да се променам. Ми требаа години за да се вратам назад по сите тие лоши одлуки, да ги поправам сите скршени врски и да ги сменам навиките за врска. За среќа, Бог ме благослови со неверојатни луѓе кои ме сакаат таков каков што сум. Сега минувам низ најдобрата сезона од мојот живот „БРАКОТ“! Што е неверојатна луда нова одговорност. Учиш за трпение, доверба, обврзување, љубезност, смиреност и сите други нешта кои прават да бидеш добар човек.

Сакам да кажам: Кога сите околности се против вас, продолжете да се борите. Исус ве сака.

Џастин моментално е во брак со Хејли Болдвин.

Џастин Бибер и Хејли Џастин Бибер и Хејли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20797 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.