Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 20-годишна тврди дека Џастин Бибер е татко на нејзиното бебе

20-годишна тврди дека Џастин Бибер е татко на нејзиното бебе

20-годишна Американка поднесе тужба против Џастин Бибер во која го обвинува дека е татко на нејзиното тримесечно бебе и бара од него да направи тест за татковство.

Според списанието Star, кое ексклузивно ја поседува тужбата, Џастин ја забременил девојката Мараја Јетер на 25 октомври минатата година, кога имале сексуални односи зад сцената по еден од концертите на тинејџерската ѕвезда.

МарајаНасловната на списанието Star со фотографија од Мараја и нејзиното бебе

Не помина долго време од објавувањето на тужбата пред претставници на Бибер да ги негираат тврдењата на 20-годишната девојка од Калифорнија. „Иако сè уште не сме ја виделе тужбата, тажно е што некој би фабрикувал злобни, клеветнички и очигледно лажни тврдења“ – изјавиле тие и ветиле дека законски ќе го бранат Џастин од лажните обвинувања.

Мараја тврди дека на 25 октомври таа отишла зад сцената со надеж дека ќе се запознае со Џастин Бибер. Му пришла на еден од телохранителите и побарала да се запознае до познатиот пејач. „Откако почекав кратко време со неколку други девојки, се појави Џастин Бибер и започна да разговара со мене“ – раскажала Мараја. Во тужбата уште пишува дека Бибер побарал од неа да водат љубов и дека ѝ кажал дека тоа му е првпат.

„Побарав од него да стави кондом за заштита, но тој инсистираше да не става. Со негови зборови, тој рече дека сака сè да чувствува затоа што му е првпат“ – пишува во тужбата. Во периодот на наводниот сексуален однос, Мараја имала 19 години, а Бибер 16.

Сослушувањето е закажано за 15 декември.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20786 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.