Џастин Бибер е најпребаруваната славна личност на интернет за 2011 година, според пребарувачот Bing. Тинејџерската сензација очигледно буди поголема љубопитност кај интернет корисниците отколку Ким Кардашијан која се најде на второ место и Џенифер Анистон на која ѝ припадна третото место.

Бибер, кој од минатогодишната шеста позиција оваа година се искачи на врвот, е и единствениот претставник на посилниот пол кој се најде меѓу првите десет најпребарувани личности.

Лудориите на Линдзи Лохан ѝ го донесоа четвртото место на листата, а Џенифер Лопез направи огромен скок на петтото место.
Бритни Спирс, Кети Пери, Меган Фокс, Лејди Гага и Мајли Сајрус ја заокружија листата на топ 10 најпребарувани личности.
Кралската свадба на Кетрин и принцот Вилијам е најпребаруваниот селебрити настан за 2011 година.

На второ место е последното продолжение на „Хари Потер“, на трето свадбата на Ким Кардашијан, на четврто бременото стомаче на Бијонсе, на петто врската на Рoберт Патинсон и Кристен Стјуарт, а на шесто скандалот со неверството на Ештон Кучер.