Мараја Јетер, 20-годишната Американка која тврдеше дека Џастин Бибер е татко на нејзиното тримесечно бебе, најпосле реши да се предаде и да ја повлече тужбата.
Тужбата со која Мараја бараше познатиот пејач да направи тест за татковство е повлечена, известува порталот TMZ.

Повлекувањето на Мараја доаѓа откако Џастин Бибер прифати да го направи ДНК тестот. Адвокатите на тинејџерската ѕвезда уште ѝ се заканија дека по добивањето на резултатите од тестот подготвуваат тужба против Мараја со цел да покажат дека не може секој што сака да излезе и да презентира лажни тврдења во јавност.
Бибер уште од почетокот на скандалот тврдеше дека воопшто не ја познава Мараја и дека никогаш не се сретнал со неа. „Само ќе кажам дека ниту едно од тие обвинувања не е вистинито. Знам дека ќе бидам мета, но никогаш нема да бидам жртва. Никогаш не сум ја запознал таа жена“ – изјавил Бибер.

Мараја во тужбата тврдеше дека имала краток сексуален однос со Бибер зад сцената по еден од неговите концерти.