Денес беше онлајн премиерата на најновиот спот на Maroon 5 за песната „Never Gonna Leave This Bed“.
Во видеото, фронтменот на групата и неговата девојка, руската манекенка Ен Ви, разменуваат бакнежи и лежат в кревет пред очите на јавноста.
И спотот и песната се интересни, баш како што се очекува од популарната американска рок група.
„Never Gonna Leave This Bed“ е третиот официјален сингл од најновиот албум на Maroon 5, насловен како „Hands All Over“.