Maroon 5 беа непоканети, но пожелни гости на вистински свадби и изненадија повеќе среќни парови за снимањето на спотот за „Sugar“.
Во видеото, Адам Левин и останатите членови на бендот ненајавено влегуваат на свадбени прослави низ Лос Анџелес и започнуваат да ја изведуваат „Sugar“, на огромна радост на младенците и гостите.
Во интервју за „Rolling Stone“, Адам изјавил дека снимањето било неверојатно искуство. „Не мислев дека ќе допрат до мене емотивните реакции кои ги добивме од паровите и гостите. Најдобриот дел беше што имавме можност да креираме незаборавно доживување за неколку лица“ – рекол тој.
„Sugar“ е трет сингл од новиот албум на бендот, насловен „V“.