Maroon 5 освојуваат со носталгична и тажна балада. Популарниот бенд го објави спотот за „Memories“, во кој фронтменот Адам Левин со емоции пее пред темна позадина.
Песната е посветена на менаџерот на бендот, Џордан Филдстејн, кој почина на 40-годишна возраст. „Тоа беше трагедија и еден од најтажните моменти од нашите животи, а лично и во мојот. Тоа беше дете кое го познавав од времето кога бевме во пелени. Од рана возраст тој беше еден од најважните личности во мојот живот“ – има изјавено Адам за Џордан.