Вчера беше премиерата на најновиот спот на Maroon 5 за песната „Misery“. Во забавниот спот се прикажани фронтменот Адам Левин и неговата девојка од реалниот живот Ана Вјалицина. Спотот е микс од насилни хумористични сцени во кои Ана го претепува Адам и љубовни страсни сцени.
„Решивме овој пат да се фокусираме на насилство наместо на секс“ – се пошегувал басистот Мики во интервју за MTV.
Спотот е режиран од Џозеф Кан, кој има соработувано со големи имиња од светот на шоу бизнисот како 50 Cent, Еминем, Бритни Спирс и U2. Тој стои и зад спотот на Кајли за „All The Lovers“.
„Misery“ е дел од третиот студиски албум на Maroon 5 насловен „Hands All Over“, којшто треба да се појави на 21 септември.
Како и секогаш, и овој пат Maroon 5 не разочараа.