Адам Левин со семејството го сними спотот за новата песна на неговиот бенд Maroon 5.
44-годишниот пејач се забавува со сопругата Беати и двете ќеркички Џио Грејс и Дасти Роуз во видеозаписот за „Middle Ground“. Адам и Беати имаат и 5-месечно бебенце.
Славниот пар ретко споделува фотографии на кои се гледаат лицата на нивните деца.