Уште една песна на Лејди Гага „истече“ на интернет. Иако требаше да биде објавена на 19 април, една верзија на песната „Judas“ стигна до рацете на обожавателите на Гага. Набрзо потоа Лејди Гага ја објави и официјалната верзија.
Текстот за овој поп-денс сингл 25-годишната пејачка го напишала сама додека била на турнејата Monster Ball минатата година. Освен текстот, Гага се пофалила дека сама го создала и омотот за песната, на кој е претставен црвен крст со срце. „Judas“ е продуцирана од RedOne.
Спотот за песната треба да се појави до крајот на месецот, но веќе е мета на многу критичари и е негативно примен од Католичката лига за религиозни и граѓански права. Во видеото Гага ќе влезе во улогата на Марија Магдалена.
„Тоа е моќно видео со големо влијание... и навистина ќе го шокира светот“ – изјавила Лориен Гибсон, креативната директорка на Гага.