Алиша Кис најави дека нејзиниот нов сингл „Girl on Fire“ премиерно ќе го претстави на MTV VMA, но неочекувано песната го пронајде својот пат до ушите на обожавателите.
Баладата го носи името на новиот албум на Алиша, за којшто таа вели дека треба да ги однесе фановите на ново патување. „Како нова мајка, нова сопруга, жена која се обидува да се пронајде себеси, да преземе контрола врз својот живот, бизнисот, светот, мислам дека доаѓа момент во животот кога сфаќаш дека знаеш дека можеш навистина да го избереш животот што го сакаш. Па, албумот е за тоа патување и на некој начин пронаоѓањето на таа храброст, пронаоѓањето на внатрешната сила да имаш доверба во себе, да веруваш во себе и да знаеш дека навистина ги поседуваш сите алатки“ – изјавила таа.
Има две верзии на песната. Втората е ремикс со учество на Ники Минаж.
Алиша ќе настапи со „Girl on Fire“ на доделувањето на MTV VMA, кое ќе се одржи на 6 септември.