Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Алесандра Амбросио со градник од 2,5 милиони долари

ФОТО: Алесандра Амбросио со градник од 2,5 милиони долари

„Victoria’s Secret“ го откри новиот градник од фантазиите, но и ангелот којшто ќе ја добие привилегијата да го носи на гламурозната ревија. Имено, Алесандра Амбросио е новата избраничка која го облече скапоцениот градник вреден 2,5 милиони долари.

Алесандра АмбросиоАлесандра Амбросио со градникот од 2,5 милиони долари

Познатата манекенка го претстави цветниот градник со аметисти, сафири, рубини и дијаманти, во чиј центар има бел дијамант од 20 карати. Заедно со градникот, доаѓа и колан во ист стил, декориран со 5.200 скапоцени камења.

Алесандра Амбросио

„Совршен е за мене. Чувствував како да е правен за мене. Многу е романтичен“ – рекла Амбросио.

Згодната мајка на две деца, која се породи во мај оваа година, открила дека била пресреќна кога ѝ соопштиле дека таа ќе го носи најспецијалниот градник на овогодишната ревија. Но, веста ја добила само три недели по породувањето, па почувствувала и страв дека нема да може да се врати во топ форма. „Сакав да вреснам. Но, нема да лажам, бев и малку загрижена“ – рекла таа.

Алесандра Амбросио

Набрзо по породувањето Алесандра започнала да вежба и да води активен живот. Тоа, заедно со доењето ѝ помогнале набрзо да ја изгуби тежината од бременоста.

„Victoria’s Secret“ секоја година создава по еден луксузен градник. Минатата година Миранда Кер го носеше градникот „Fantasy Treasure“, вреден 2,5 милиони долари.

Миранда КерМиранда Кер со ланскиот градник од 2,5 милиони долари

Ревијата на „Victoria’s Secret“ оваа година ќе се одржи на 7 ноември, но ќе биде прикажана на телевизија на 4 декември.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.