Ријана синоќа ја претстави својата најнова колекција долна облека од линијата „Savage x Fenty“.
На ревијата која се одржа во рамките на Њујоршката недела на модата, 30-годишната пејачка ги истакна облините во кафеав фустан. Таа носеше и накит од Шопард.
ВИДЕО
Ријана прослави за успешната ревија на вечерна забава. За таа пригода, музичката ѕвезда носеше кратко кожено фустанче.