Иако е нетипично за Викторија Бекам да повторува стајлинзи, славната дизајнерка ја носеше својата омилена црвена комбинација од новата колекција по вторпат.
44-годишната поранешна поп-ѕвезда беше фотографирана во ролка, здолниште и чизми во црвена боја во Лондон.
Пред две недели, Бекам беше уловена во Париз во истата облека, која е дело на нејзиното ателје.