Шпанскиот кралски пар е во тридневна официјална посета на Куба.
Во рамките на турнејата, кралицата Летиција и кралот Фелипе беа специјални гости на приеми во Хавана.
За посетата на Големиот театар, каде беа топло пречекани од граѓаните, Летиција носеше светлосин плисиран фустан од Нина Ричи и истобојни чанта и обувки од еден од нејзините омилени брендови Магрит.
На приемот во шпанската амбасада во Куба, 47-годишната Кралица беше облечена во светлорозов кошула-фустан од брендот Maж и обувки од Стив Меден.