Шпанскиот кралски пар е во официјална посета на Франција. Кралот Фелипе и кралицата Летиција се сретнаа со францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит во Париз.
Славните парови ја посетија ретроспективната изложба „Miró, la couleur de mes rêves“, посветена на творештвото на шпанскиот сликар и скулптор Миро.
Летиција носеше тегет фустан од Delopozo додека првата дама на Франција за средбата избра минималистичка бела креација.